сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уставниот суд на Словенија ја суспендираше одлуката за задолжителна вакцинација на државните службеници

Уставниот суд на Словенија ја суспендираше одлуката за задолжителна вакцинација на државните службеници

Уставниот суд на Словенија денеска привремено ја суспендираше одлуката на владата за задолжителна вакцинација на државните службеници, бидејќи оцени дека на тој начин се кршат нивните работнички права.

Неколку синдикати побараа преглед на уставноста на одлуката според која работниците во државната администрација мора да имаат сертификат од петок, 1 октомври, за да дојдат на работа, дека се вакцинирани со најмалку една доза вакцина против коронавирус или дека го прележале вирусот, пренесува Хина.

Синдикатите тврдат дека на оние што одбиваат им се заканувале со отказ, а владата тврди дека ова е само привремена мерка за заштита на здравјето и нормалното функционирање на државата.

Уставниот суд оцени дека одлуката може да доведе до раскинување на договорот за вработување.

– Тоа би значело не само влошување на положбата на вработените, туку би ги загрозило нивните работнички права – наведува судот во образложението.

Оваа суспендирана одлука, која наиде на негативни критики во јавноста, ќе опфати околу 130.000 луѓе кои требаше да ја примат барем првата доза на вакцината до 1 октомври, а втората до 1 ноември, за да продолжат со работата.

Владата, како што е наведено, имала намера оваа мерка навреме да ја прошири и на други категории на население, со цел да го зголеми бројот на вакцинирани на 70% од населението.