Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека ја одбил понудата, како претставник на владејачката коалиција, да биде нов премиер на Косово.
– Вистина е, имаше понуди да се продолжи овој мандат до 2021 година, со мандатар за премиер од Демократската партија на Косово, односно со мене. Имаше понуди и од партии кои во јавност зборуваат за многу брзи предвремени избори, нагласи Весели.
Тој истакна дека тоа нема да се случи поради околностите во кои се наоѓа Косово моментно и дека граѓаните заслужуваат влада која ќе ги води на патот за подобра перспектива и борба против корупцијата.