Во изјава за КТВ, Весели нагласи дека токму тој го советувал косовскиот премиер Рамуш Харадинај за зголмување на таксите за увоз на стоки од Србија и од Босна и Херцеговина од 10 на 100 отсто, дидавајќи дека засега нема промена на таквата одлука.
– Европската унија мора да ги третира двете страни на ист начин, а не да врши притисок во Приштина, нагласи Весели, осврнувајќи се на барањата на Брисел за укинување на таксите.
Претседателот на косовското Собрание призна дека политиката на блокади не е рационална, но нагласи дека таквата пракса Србија ја применувала долго време „без да ги почитува граѓаните, стоките, енергетиката, прашањето за документите, а тука се и блокадите на членство на Косово во меѓународните органзиации“.
Весели истакна дека косовскиот претседател Хашим Тачи има „уставна улога во дијалогот“ меѓу Белград и Приштина, но потенцираше дека секој постигнат договор во преговорите ќе мора да биде одобрен од Собранието на Косово. (МИА)