четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Хаос во парламентот на Албанија, пратениците со брашно и јајца удрија по Еди Рама

ВИДЕО: Хаос во парламентот на Албанија, пратениците со брашно и јајца удрија по Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната парламентарна седница беше гаѓан со брашно поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија.

Кон Рама беа фрлени брашно и јајца, поради што седницата во неколку наврати беше прекината.

По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми.