Утрово на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград беше превземени првата пратка од вакцините на производителот „Фајзер“ против коронавирусот наменета за Србија.
Во контигентот се 4.800 дози од вакцината, а според претходните најави, тие ќе бидат наменети првенствено за лицата кои се сместени во домовите за стари лица.
Србија е првата земја во регионот во која пристигна вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.