четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Силно невреме во Далмација, дел од Сплит под вода

ВИДЕО: Силно невреме во Далмација, дел од Сплит под вода

Делови од Хрватска денеска беа зафатени од силно невреме проследено со поројни врнежи и грмотевици.

Пороен дожд ја „поплави“ Далмација, а локално наврнале над 30 литри дожд на м2.

Дел од улиците во Сплит се под вода. Обилните врнежи, како што јавуваат медиумите, го оштетиле асфалтот на некои делови.

На возачите им се препорачува внимателно возење.