Припадници на САЈ (Специјална антитерористичка единица) го уапсија денеска осомничениот за убиството на монахот Стефан, Драган Шево, денеска во Бања Лука, а при апсењето немал време да пружи отпор. Меѓутоа, се повредил со нож, а на среќа не повредил никој друг, па бил пренесен со возило на Брза помош.
– Припадници на Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на Република Српска денеска во 15:55 часот го уапсиле осомничениот од Бања Лука, кој се сомничи за тешко убиство во манастирот Глоговац, кај Шипово, соопштено е од српското МВР.
Шево бил лоциран на влезот во Бања Лука, а апсењето се случило во мотелот „Нана“.
– Се обиделе да го убедат да се предаде, но одбил. Се заканувал дека ќе се убие со ножот со кој го извршил убиството. На терен излегле припадници на САЈ и го пронашле во мотелот „Нана“, Специјалците брзо упаднале во соба, а тој со нож се обидел да си ја исече ногата, рекол Лукаќ.
Лукаќ истакнал дека специјалците со брза реакција го совладале и го уапсиле.
Да потсетиме, монахот на манастирот Глоговац, отец Стефан, беше убиен со нож во понеделникот, а оттогаш полицијата интензивно трагала зпо убиецот.
Неговиот соучесник за кој се претпоставува дека го возел после убиството е уапсен.
Како што пишуваат медиумите, Шево после убиството од манастирот украл околу 100 германски марки, после што избегал, а веќе на полицијата ѝ бил познат поради проблеми со дрога.