Pоранешниот американски дипломат и некогашен шеф на Косовската верификациска мисија на ОБСЕ, Вилијам Вокер не се согласил косовскиот претседател Хашим Тачи да му даде одликување за време на одбележувањето на годишницата од настаните во Рачак.
– Не сум подготвен да примам одликување од Тачи. Не е дека го одбив, но кога ме прашаа дали би го прифатил, од некоја причина реков дека нема, ја пренесува РТС изјавата на Вокер.
Вокер изминатите години често го критикуваше Тачи обвинувајќи го дека „прави се за да ги задоволи претставниците на меѓународната заедница“.
Поранешниот шеф на верификаторите на ОБСЕ, за време на посетата на Косово изјави дека дошло време да си замине генерацијата политичари која проиглего од војната и нивните места да го препуштат на нова генерација.
Извештајот на Вокер за настаните во Рачак беше непосреден повод за бомбардирањето на Србија од страна на НАТО.