Албанскиот премиер Еди Рама објави дека годинава, родителите на над 36 илјади новороденчиња добиле бонус за бебе.
„Една убава вест, дека оваа година бебешки бонус добија родителите на повеќе од 36 илјади новороденчиња. Ви посакувам среќна недела“, напиша Рама.
Бебешкиот бонус е нова мерка на социјалната политика што ја спроведува Владата од 1 јануари 2019 година и ги поддржува младите семејства, без разлика на социо-економскиот статус и местото на живеење.
Тоа подразбира дека еднократен паричен надоместок за новородени деца, добиваат сите родители на новороденчиња независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.
Родителите на првородено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади лека (околу 335 евра), за второ 80.000 (околу 670 евра) и 120.000 лека (1.000 евра) за трето дете. Доколку се близначиња или тројка за сите добиваат по ист износ.
Чекот го добиваат во породилиштето, заедно со извод од матичната книга на родени.
Од почетокот на оваа, како што ја нарекува Рама, универзална програма бонус добиле околу 152.000 деца, при што според медиумите, само околу 30 отсто од новороденчињата на свет дошле во матичната земја.