петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Албанија инфлацијата во октомври 8,3 отсто

Во Албанија инфлацијата во октомври 8,3 отсто

Растот на цените, посебно на храната и горивата услови инфлацијата во октомври во Албанија да достигне ниво од 8,3 отсто, што според Институтот за статистика, ИНСТАТ, е највисока стапка забележана од 1998 година, што го одразува силното влијание на ценовната криза во земјата.

Зголемените цени во споменатите две групи се двапати повисоки во однос на октомври минатата година, што дополнително ги оптоварува буџетите на албанските семејства.

Во групата на прехранбени производи, маслото, млекото и млечни производи, како и овошјето и зеленчук забележале најголем раст.

-Зголемени се трошоците и за сите останати стоки и услуги. Поскапувањето продолжи и кај другите анализирани групи, кои влијаат на стапката на инфлација. Граѓаните плаќаат повеќе за вода и енергија, за образовни и здравствени услуги, за опремување на своите домови или за комуникација, а поскапувањето продолжува дури и во кафулињата и рестораните, наведува ИНСТАТ.

Во меѓувреме Централна банка на Албанија продолжува со политиката за да го ублажи ценовниот удар. На втори месецов ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти, што е петта интервенција годинава.