Во Албанија денескапочна новата академска 2020/2021 учебна година за 130.000 студенти, од кои 21.000 се бруцоши.
По препорака на Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 наставата најмалку првиот месец ќе се одвива онлајн. Се уште не се знае како ќе се одвива наставата понатаму со физичко присуство на студентите или онлајн, бидејќи тоа ќе зависи од сосостојба со паднемијата во земјата.
Одлуката Комитетот ја донесе поради влошената епидемиолошка состојба во земјата каде во последните две недели се регистрирани повеќе од 4.000 новозаразени и 60 починати од Ковид-19 , што го принуди Министерството за здравство да ја пушти во употреба и третата ковид болница.
Онлајн настава студентите следеа и на крајот од минатата академска година, кога во земјата беше воведена вонредна состојба.
– Новата академска година ќе биде невообичаен предизвик за нашите универзитети поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, но универзитетите се подготвени однапред, така што наставата може да започне и да се одвива непречено, изјави вчера министерката за образование, млади спорт, Евис Куши, посакувајќи им на сите студенти среќна и успешна академска година.
Поради несогласување со оваа одлука и одлуката за затворање на студентските домови, студентите протестираат пред Министерството за образование, спорт и млади.
Полицијата упати повик студентте да се разотидат во рамки на антиковид мерките со кои се забранува групирање.