Властите во Босна и Херцеговина одлучија да го суспендираат издавањето нови дозволи за изградба на мали хидроцентрали во државата по низа акции на домашни и меѓународни еколошки активисти. Сепак, одлуката нема да важи за веќе започнатите проекти или за оние за кои веќе се издадени дозволи.
Владата на Федерацијата БиХ на денешната седница ги утврди измените на Законот за електрична енергија со кои се наложува прекинување на издавањето дозволи за нови мали хидроцентрали.
– Со овој закон е дефинирано што се подразбира под поимот мала хидроцентрала, а вториот член го дефинира прекинот на изградбата на енергетските дозволи, изјави по седницата министерот за енергетика, индустрија и рударство на Федерацијата БиХ Нермин Џиндиќ.
Тој објасни дека овие измени на законот, за кои ќе расправа Парламентот на Федерацијата БиХ, нема да важат за инвеститорите кои веќе имаат договори за концесија. Тие се должни барањето за енергетска дозвола да го комплетираат во рок од три години. (МИА)