Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 28 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало. Бројот на активни случаи сега е 561.
Хрватските медиуми јавуваат дека 110 лица се на болничко лекување, од кои седуммина се на респиратор.
Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, регистрирани се 5.404 заболени, од кои 155 починале, а 4.688 оздравеле.
Во самоизолација се 2.171 лице.
До денеска се тестирани 125.317 луѓе, од кои 934 во последните 24 часа.