понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Хрватска нови 373 случаи на коронавирусот, три лица починале

Во Хрватска нови 373 случаи на коронавирусот, три лица починале

Во Хрватска, регистрирани се 373 нови случаи на коронавирусот од 9.397 тестирани лица, а три лица починаа, според хрватскиот Штаб за цивилна заштита.

Во последните 24 часа, пријавено е закрепнување на 339 пациенти.

Во моментов има 2.695 активни случаи на инфекција со коронавирус во Хрватска, од кои 275 се во болница, а 35 се на апарати за дишење.

6.761 лице се во самоизолација. Досега, коронавирусот е потврден кај 369.765 луѓе, од кои 358.769 се оздравени, а 8.301 починале.

Вкупно се тестирани 2.466.573 луѓе.

До вчера беа вакцинирани 41,82 проценти од вкупното население, односно 50,25 возрасни лица.