понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Хрватска во ноември двојно повеќе хоспитализирани

Во Хрватска во ноември двојно повеќе хоспитализирани

Во првите 19 дена од ноември, бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот е двојно зголемен во Хрватска, а бројот на пациенти на респиратори постојано расте, изјави денеска државниот секретар во Министерството за здравство, Томислав Дулибиќ.

На седницата на Владата, Дулибиќ објави дека 1.877 лица се хоспитализирани до вчера, додека 205 од нив биле на апарати за дишење. Во последните неколку недели во болниците се примени 1.596 пациенти со Ковид-19, додека 1.086 се отпуштени.

Во извештајот за состојбата на коронавирусот во Хрватска, Дулибиќ предупреди дека сегашниот процент на новоинфицирани, кои не доаѓаат од самоизолација, достигнува дури 80 проценти. (МИА)