Двајца борци на ИСИС и 74 деца заедно со 32 жени ноќеска со големи мерки на безбедност се вратени во Косово. Сите се косовски државјани.
Во Сирија е проценето дека има уште 30 борци со косовско државјанство и 49 жени и 8 деца.
Министерот за правда на Косово, Абелард Тахири, изјави дека на овој начин на овие луѓе ќе им се пружи втора шанса за живот.