понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во морето забележана најдолгата змија во Европа, сакала да се качи на брод

Во морето забележана најдолгата змија во Европа, сакала да се качи на брод

На социјалните мрежи во Хрватска се појави фотографија на змија што плива во морето кај Шибеник и се обидува да се искачи на брод помеѓу островите Какан и Боровњак, пишуваат хрватски медиуми.

Андреј Симчиќ, кој ги проучува змиите во Хрватска, врз основа на фотографиите, соопшти дека се работи за четирилентната кравосаса, најдолгата европска змија што расне до 2,5 метри, но оти не е отровна.

-Сите змии пливаат, па и оваа на фотографијата. Можно е да била на брегот на некое дрво над морето, па паднала во водата. А тоа што сака да се искачи на брод е природно, само сака да се врати на копно, смета Симчиќ.

На подрачјето на Хрватска живеат три вида отровни змии – остроглавиот жолтокруг, поскокот и шарката. Нивното каснување е многу опасно само за луѓе со послаб имунитет.