петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Словенија потврдени десет новозаразени со коронавирусот

Во Словенија потврдени десет новозаразени со коронавирусот

Во Словенија се регистрирани десет нови случати на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вчера се направени 1317 нови тестирања, со што вкупниот број сега изнесува речиси 52.000 проверени лица.

Поради Ковид-19 болнички се лекуваат 73 пациенти што е намалување во споредба од минатите денови. Поради потешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 25 лица.

Изминатите 24 часа, од болница се отпуштени седум пациенти, а три починаа како последица од инфекцијата.