петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Загреб почина девојчето кое беше повредено во земјотресот

Во Загреб почина девојчето кое беше повредено во земјотресот
N1

Девојчето (15) кое беше тешко повредено во земјотресот што вчера го погоди Загреб, почина денеска, изјави директорот на Клиниката за детски болести во „Клаичева“, Горан Роиќ.

– И покрај сите напори на лекарите, девојчето им подлегна на тешките повреди, рече Роиќ.

Девојчето беше повредено во земјотресот на улицата „Ѓорѓичева’ во Загреб.

Во земјотресот се повредени 27 лица.