петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снајперитст го застрела еден од вооружените Срби на Косово

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снајперитст го застрела еден од вооружените Срби на Косово

На социјалните мрежи се шири досега необјавена снимка од престрелката во Бањска на која може да се види повлекувањето на вооружените напаѓачи кон блиската шума.

Како што може да се види на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, четворицата напаѓачи се кријат зад помал објект во манастирскиот имот.

Во еден момент го напуштаат засолништото и се обидуваат да стигнат до шумата, но потоа еден куршум го погодува еден од нив и тој паѓа на земја во близина на шумата.

Пред точно седум дена во селото Бањска во Косово имаше напад врз косовската полиција од група вооружени Срби.

Во нападот загина еден косовски полицаец, како и најмалку тројца напаѓачи. Повеќе од нив се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа од Косово. По бегството во Србија, тој вчера се предаде и беше сослушан во Министерството за внатрешни работи на Србија.