петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ: Ние сме турнати до ѕид, за мене ова е најтешкиот ден

Вучиќ: Ние сме турнати до ѕид, за мене ова е најтешкиот ден

„Ние сме турнати до ѕид. За мене ова е најтешкиот ден откако сум претседател на Србија или премиер“ , рече вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој посочи:

„Цел ден имав контакти со луѓе од ЕУ, од Брисел… Ќе направиме се за да го зачуваме мирот. А генералот Мојсиловиќ доби уверување од КФОР дека нема да има упади на северот на Косово… Тие рекоа пред некоја вечер дека немаат ни пиштоли, а камоли долги цевки, а ние ви покажавме слики на кои се гледаат долги цевки. Немаме вина, а совеста ни е чиста, но не можеме да бидеме мирни. Мора да се бориме. Пораката до нашиот народ е да ги почитуваме Кфор и ЕУЛЕКС и да не дозволиме некој да ги провоцира. Не сум сигурен дека тие (меѓународната заедница) се среќни поради неговото (на Курти) однесување, но би бил наивен и глупав ако мислам дека не можат да го натераат да се однесува пристојно и нормално“.