Претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ доби забрана за влез во Косово од страна приштинските власти.
Тој требаше да присуствува на собранието на покраинскиот одбор на партијата.
Како што се наведува во соопштението, возилото во кое се наоѓал Јеремиќ било запрено и задржано повеќе од два часа, по што му била врачена забрана за влез.
По овој повод се огласила и министерката за надворешни работи, Доника Гервала Шварц која потврдила дека министерството го спречило Јеремиќ да влезе во Косово, споредувајќи ја неговата политика со политиката на рускиот претседател Владимир Путин.