петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вулин: Го повикувам Вучиќ да го промени односот кон Црна Гора и Северна Македонија

Вулин: Го повикувам Вучиќ да го промени односот кон Црна Гора и Северна Македонија

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, по гласањето на Македонија и Црна Гора за прием на Косово во Интерпол, го повика Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да размисли каков однос ќе има во иднина кон овие две земји:

Го повикувам претседателот Александар Вучиќ, да го промени својот однос кон Црна Гора и Северна Македонија, и да им покаже дека пријателството со Србија мора да се заслужи, изјави Вулин.

Тој смета дека со поддршката од страна на овие две земји ,,за влез на косовскиот нарко картел во Интерпол, највисока светска полициска организација, застанале на страната на Косово и со тоа длабоко ја навредиле Србија“.

Ако немаа храброст да гласаат против, можеа барем да се воздржат и да покажат дека им значат мислењето и чувствата на Србија и на Србите, изјави Вулин.

Според него, ,,Црна Гора и Северна Македонија не гласаа за Косово, туку против Србија. Нивните гласови не ја променија одлуката на Собранието на Интерпол, но треба да го промени односот на Србија кон нив“-смета српскиот министер за одбрана, Алексанадр Вулин.

Тој  мисли дека Србија нема искрени пријатели во Црна Гора и Македонија.