петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

За заразените гости во Хрватска ќе се грижат сопствениците на апартмани

За заразените гости во Хрватска ќе се грижат сопствениците на апартмани

Директорот на Здравствениот дом на Сплитско-далматинската жупанија доктор Марко Раѓа, опиша ќе изгледа процедурата доколку некој турист во Хрватска се зарази со коронавирусот.

– Ако странски турист од централните далматински острови или од кој било друг дел од нашата жупанија има зголемена температура или некој друг симптом што може да укаже на болеста Ковид-19, тој ќе дојде во амбулантата во Мертојак. По тестирањето и ако се утврди дека е позитивен, ќе биде испратен во апартманот каде што престојува и во него ќе мора да помине 14 дена во самоизолација, изјави тој во интервју за Слободна Далмација.

Тука би можеле да се создадат проблеми ако сопственикот на апартман има други гости за наредната недела, а во апартманот има заразен гостин кој мора да биде во изолација, пренесува Индекс.хр.

– Сопственикот на апартман не смее да избрка гостин кој е во самоизолација. Покрај тоа, тој мора да се грижи за него и неговото семејство ако е на одмор со нив. Сите тие мора да бидат во изолација и сопственикот на апартманот мора секој ден да им носи храна и хигиенски средства кои ќе ги остава пред вратата на апартманот, рече тој.