петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Заедничка седница на владите на Косово и на Албанија во Пеќ

Заедничка седница на владите на Косово и на Албанија во Пеќ

Под мотото „Заедно за развој“ денеска во косовскиот град Пеќ ќе се одржи заедничка седница на владите на Косово и на Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според најавата, главните одлуки кои се очекува да бидат донесени на оваа седница ќе бидат укинување на роамингот и обединување на царините на двете земји.

Церемонијата на пречекот на членовите на албанската Влада ќе се одржи во 10:15 часот, а седницата ќе се затвори со заедничка прес-конференција на премиерот на Косово Рамуш Харадинај и на Албанија, Еди Рама, во 12:30 часот.

МИА