петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Загинаа двајцата пилоти од Канадерот што се урна на грчкиот остров Евија

Загинаа двајцата пилоти од Канадерот што се урна на грчкиот остров Евија

Двајцата пилоти, на возраст од 27 и 34 години загинаа откако кусо пред 15 часот по локално време се урна Канадерот со кој го гаснеа пожарот во близина на Каристос на грчкиот остров Евија,  јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштијадека за време на воздушно гаснење на пожарот на Евија, во 14:52 часот, се урна авионот CL-215 и загинаа пилотот и копилотот. (МИА)