Земјотрес со јачина од 2,98 степени според Рихтеровата скала денеска околу 15 часот ја потресе околината на Требиње, јавува ЕМСЦ.
Според нив, епицентарот бил на 13 километри од Требиње.
– Добро се тресеше. Воопшто не беше пријатно – пишуваат жителите на Требиње.
Бидејќи се работи за слаб земјотрес, се претпоставува дека нема жртви и поголема материјална штета.