Умерен земјотрес од 3.9 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 13.25 часот на грчкиот остров Закинтос, jави дописничката на МИА од Атина.
Според Геодинамичкиот институт на грчката Национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морскиот дел, североисточно од Закинтос.