Во морскиот дел, јужно од грчкиот остров Крит, утрово бил регистриран земјотрес од 4.8 степени, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Епицентарот бил на 20 километри јужно од малиот остров Гавдос што е најјужната точка во Грција и се наоѓа јужно од Крит, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.