Земјотрес со јачина од 3,6 степени го погоди црногорското приморје, а најмногу беше почувствуван во Будва и Херцег Нови.
Епицентарот бил регистриран неколку минути по 15 часот.
Сеизмолошкиот завод на Црна Гора наведе дека овој земјотрес не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.