Земјотрес со јачина од 4.9 степени по Рихтер ја стресе Бугарија предмалку.
Земјотресот беше регистриран во 14 часот и 26 минути, а епицентарот е на 14 километри југоисточно од Пловдив.
Потресот бил значително почувствуван од граѓаните во околината затоа што истиот бил на длабочина од само 2 километри.
Од она што го изјавуваат граѓаните, земјотресот траел околу 10тина секунди, но бил силен и истиот го споредуваат со јачина на бомба.