четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

12-годишно девојче од Виена во еден ден примила две вакцини

12-годишно девојче од Виена во еден ден примила две вакцини

Младо девојче од Виена во понеделникот примило две вакцини против корона вирусот. Мајката на девојчето вели дека лекарот во болницата првин нејзината ќерка ја вакцинирал со вакцината „Џонсон и Џонсон“ која е наменета само за постари од 18 години.

„Мојот сопруг претходно праша дали мојата ќерка може да прими вакцина Фајзер, на што одговорот беше да“ тврди мајката, пренесуваат австриските медиуми.

Според мајката, медицинската сестра на лекарот му дала вакцина „Џонсон и Џонсон“, а веќе од кога било вакцинирано девојчето, лекарите ја сфатиле својата грешка, но веќе било доцна.

„Тогаш таа одеднаш почна да се извинува, рече дека и е многу жал, а потоа лекарот рече дека и онака и на нашата ќерка и дале само мала доза. Бев шокирана“ вели мајката.

Како што вели мајката, лекарот ја извадил вакцината, а веднаш потоа во другата рака ја ставил вакцината Фајзер.

Од друга страна, организаторите на пунктот за вакцинација велат дека не било сè точно како што вели мајката. Тие тврдат дека лекарот забележал грешка кога иглата била веќе во раката, но пред да се притисне шприцот.

Експертите велат дека не може да се утврди дали на детето е вакцинирано со двете дози или не, но дека во секој случај добро е што девојчето нема никаква реакција. Тие велат дека не знаат што може да се случи ако во толку краток временски период и се примени две различни вакцини.