четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

80 земји го ограничија извозот на заштитни маски и медицинска опрема

80 земји го ограничија извозот на заштитни маски и медицинска опрема

Осумдесет земји и царински подрачја го забранија или ограничија извозот на заштитни маски, средства, ракавици и друга опрема, со цел да се намали недостигот за време на епидемијата ка коронавирусот, соопшти Светската трговска организација (СТО).

Забраната ја воведоа 72 членки на СТО и осум земји кои не се членки на организацијата, а само 13 држави членки известиле за мерките согласно прописите, наведува СТО.

Нетранспарентноста во однос на ограничувањата и недоволната соработка на меѓународно ниво би можеле да ги загрозат напорите за спречување на ширењето на Ковид-19, од кој се заразени 2,64 милиони луѓе низ светот, а 184.910 починаа, предупредува СТО.

Според организацијата, иако ограничувањето на извозот е разбирливо, сепак се заканува опасност за земјите кои зависат од увозот, да загубат пристап до неопходните медицински производи