среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Африка бележи повеќе од 3,5 милиони случаи на коронавирусот

Африка бележи повеќе од 3,5 милиони случаи на коронавирусот

Повеќе од 20.000 новозаразени случаи на коронавирус беа потврдени на африканскиот континент во изминатото деноноќие, а од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 3,5 милиони инфицирани лица, соопшти огранокот на Светската здравствена организација за Африка.

Вкупно 3.516.216 случаи на Ковид-19 се потврдени во Африка, а вкупно 88.972 лица починале како последица на вирусот.

Јужноафриканската Република и Египет имаат најголем број потврдени случаи и најголем број починати пациенти. (МИА)