Компанијата Амазон го одложи враќањето на вработените во канцелариите до почетокот на следната година поради наглото зголемување на бројот на заразени со Делта сојот на Ковид -19.
Првично беше планирано вработените во тој гигант за е-трговија во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, да започнат да се враќаат во канцелариите од 7 септември оваа година, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, изјавија од Амазон за Си-Ен-Ен. Кога ќе се вратат на работа, вработените ќе мора да носат маски во канцеларија, освен ако не покажат потврда дека се вакцинирани.