Жител на Канзас е приведен во САД под обвинение дека се заканувал со убиство на американскиот претседател Џо Бајден, пишува „Дејли Бист“, повикувајќи се на судски документи.
Според изданието, уапсениот Скот Мериман изјавил дека „Бог му заповедал да замине во Вашингтон и да ја отсече главата на змијата во срцето на нацијата“.
„Њујорк пост“ објави дека полицијата во Канзас претходно ја информирала тајната служба дека Мериман им се јавил и кажал дека тргнал на пат кон Вашингтон за „да се види со претседателот“. Тој ѝ кажал на полицијата дека е на пат кон Белата куќа за да му каже на Бајден дека на луѓето им е преку глава од поделеноста на земјата и дека треба да се обратат кон Бога.
Мериман, исто така, направил голем број објави на својата Фејсбук страница користејќи „заканувачки јазик“