недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНА-МПА: Папата Франциск ќе го посети грчкиот остров Лезбос во рамките на неговата турнеја

АНА-МПА: Папата Франциск ќе го посети грчкиот остров Лезбос во рамките на неговата турнеја

За време на турнејата што ја вклучува и Грција, папата Франциск кон крајот на ноември или почетокот на декември ќе го посети островот Лезбос, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на подготовките за посетата, според истите информации, денеска на Лезбос се кардинали од Ватикан, кои заедно со претставници на Министерството за миграција и азил на Грција ќе го посетат во привремениот центар за прием на бегалци и мигранти Кара Тепе, што е дел од програмата на папата.

Грчкиот остров, папата Франциск го посети и во 2016 година, кога во ек беше мигрантската/бегалската криза, а Лезбос беше најпогоден.