четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНГЛИЈА БЛОКИРАНА: Франција не дозволува да влезат повеќе од 800 камиони во државата, чекаат паркирани на пистите од аеродромот (ВИДЕО)

АНГЛИЈА БЛОКИРАНА: Франција не дозволува да влезат повеќе од 800 камиони во државата, чекаат паркирани на пистите од аеродромот (ВИДЕО)

Поради појавата на новиот вид на коронавирус во Велика Британија, земјите од ЕУ ги затворија границите кон оваа земја и го запреа превозот на стоки.

Така, повеќе од 1.500 камиони беа буквално заглавени на југот на Англија. Тие не можат да ја преминат границата и да влезат во Франција. Повеќето од овие возачи се Французи кои се надеваат на договор меѓу Велика Британија и Франција со цел што побрзо да се вратат дома. Британските медиуми ги нарекоа возачите „Божиќните заложници на Макрон“.

Британската министерка Прити Пател изјави дека на автопатот М20 има околу 650 камиони, и дека има 873 од нив на пистата на блискиот аеродром.

Во текот на денот, владата на британскиот премиер Борис Џонсон се обидува да најде начин да ги отвори границите со Франција и да го деблокира една од најважните европски трговски патишта девет дена пред конечното раздвојување на Велика Британија и ЕУ, пишува Ројтерс. Најверојатно, на крајот ќе се согласи дека сите возачи мора да бидат тестирани пред да ја преминат границата.

Повикувајќи се на францускиот министер за европски прашања Климент Бене, Би-Би-Си објави дека Велика Британија и Франција ќе објават договор за повторно воспоставување на товарниот сообраќај до среда.

„Во последните 24 часа постојано разговаравме со нашите француски колеги за низа прашања и ќе продолжиме и денес“, рече британскиот министер за внатрешни работи, Прити Пател.

На прашањето дали може да се очекува решение денес, Пател рече дека се работи на тоа затоа што „во интерес на двете земји е да обезбедат непречен проток“.

Најавата на Лондон за појава на нов, позаразен вид на коронавирус донесе паника во светот погоден од пандемијата во која загинаа околу 1,7 милиони луѓе, вклучувајќи над 67.000 во Велика Британија.

И додека финансиските пазари нагло паднаа, единственото нешто што ги загрижува возачите на камиони блокирани во близина на Довер е дали ќе стигнат дома на време за Божиќ.