понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Асанж добил еквадорски документи за идентификација

Асанж добил еквадорски документи за идентификација

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој повеќе од пет години се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон, добил идентификациски број од јужноамериканската земја, јави ДПА.

Бројот 1729926483 одговара на провинцијата Пичинча во централниот дел на Еквадор, сопштува „Универсо“. Според изданието, можно е на Асанж да му бил даден и пасош.

Британски медиуми претходно јавија дека „Џулијан Пол Асанж“ е ставен во граѓанскиот регистер на Еквадор, каде се внесуваат само еквадорски државјани. Портпаролот на регистрациските служби одби да коментира дали ова значи дека тој добил државјанство.

Дел од медиумите наведуваат дека на Асанж еквадорско државјанство му било доделено уште минатиот месец, а синоќа тој објави своја фотографија во дрес на Еквадор, што ги подгреа гласините дека таквите тврдења се точни.

Австралиецот живее во мал кабинет во Амбасадата на Еквадор, откако официјално Кито му даде азил во 2012 година, кога Шведска поведе истрага против него сексуални престапи. Шведските власти го повлекоа обвиненијата, но Асанж посочи дека стравува да не биде уапсен и екстрадиран во САД поради објавување на доверливи документи за војните во Ирак и Авганистан на онлајн платформата Викиликс.