Австралија ќе ги затвори државните граници за да го спречи ширењето на вирусот Ковид-19.
Поради зголемување на бројот на новозаразени лица, државата Квинсленд веќе забрани влез на речиси сите жители на Викторија, најтешко погодена од епидемијата, јави Би-Би-Си.
На ист начин ќе постапи и со луѓето во главниот град Канбера и со државата Нов Јужен Велс, кои станаа жаришта на вирусот.
Владата во Нов Јужен Велс наметнува свои строги ограничувања. На патниците од Викторија ќе им биде дозволено да влезат во земјата само доколку летаат за Сиднеј и одат во задолжителна изолација во хотел 14 дена. (МИА)