среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австралија истражува случај на тромбоза по вакцинирање со Астра Зенека

Австралија истражува случај на тромбоза по вакцинирање со Астра Зенека

Австралиските власти испитуваат случај на тромбоза кај пациент кој бил вакциниран против коронавирус со вакцината на Астра Зенека, објави телевизијата АБЦ повикувајќи се на вршителот на должност австралиски санитарен инспектор Мајкл Кид.

Пациент на 44-годишна возраст, вакциниран против коронавирусот на 22 март, е хоспитализиран со тешка тромбоза и моментно се лекува во болница во Мелбурн.

– Овој случај во моментов го истражува Администрацијата за терапевтски производи (ТГА) и утре наутро ќе се одржи состанок за да се разгледа случајот и да се утврди дали може да се поврзе со вакцината на Астра Зенека, истакна Кид.

Тој ги предупреди граѓаните „доколку примиле вакцина на Астра Зенека и имаат постојана главоболка или други вознемирувачки симптоми од четвртиот до дваесетиот ден по вакцинирањето, тогаш веднаш да побараат лекарска помош“.