петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија со четири милијарди евра ќе ја помага економијата, која е погодена од корнавирусот

Австрија со четири милијарди евра ќе ја помага економијата, која е погодена од корнавирусот

Австрискиот Парламент денеска едногласно усвои голем пакет законски мерки за спречување на кризата предизвикана со коронавирусот.

Законот овозможува голем број ограничувања во јавниот живот, а содржи и помош за економијата.

Со документот се создаваат правни основи за затворање на јавни места, како што се детски игралишта, се овозможуваат рестрикции во трговијата и гастрономијата.

За економијата е предвиден фонд за помош во вредност од четири милијарди евра.

Законот мора да биде потпишан од претседателот на државата и објавен во службен весник за да може од утре да стапи во сила.