сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Австрија со рекорден број новозаразени, повеќе од 3.000 за еден ден

Австрија со рекорден број новозаразени, повеќе од 3.000 за еден ден

Австрија, од почетокот на пандемијата, денеска забележа рекорден број новозаразени од Ковид-19, над 3.000 лица.

Веќе неколку дена Австрија бележи бројка од над 2.000, односно 2.500 заразени лица, а во изминатите 24 часа ја надмина бројката од 3.000, со вкупно 3.614 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Овој рекорден број е утврден врз основа на 24.189 тестови.

Бројот на починати се зголеми за 11, на вкупно 965.

Во моментов, преголемиот број новозаразени лица предизвикува проблеми во пронаоѓањето на контактите со заразените, а провинцијата Форарлберг соопшти дека повеќе не е во можност да ги испраќа сите контакти, туку ќе работи само на контакти од ризични групи.

Во моментов во Австрија има 21.181 активен пациент, од кои 1.177 се хоспитализирани, а 175 се на интензивна нега. (МИА)