понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден до Нетанјаху: Дополнителна американска помош е на пат кон Израел

Бајден до Нетанјаху: Дополнителна американска помош е на пат кон Израел

Дополнителна американска помош е на пат за Израел, нагласил денеска американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху .

„Претседателот Бајден го информираше премиерот за интензивниот дипломатски ангажман преземен од САД во последните 24 часа за поддршка на Израел“ . „Претседателот исто така ја пренесе таа дополнителна помош за израелските Одбранбени сили сега се на пат кон Израел со уште повеќе во наредните денови“.

Бајден уште еднаш изрази сочувство за исчезнатите, ранетите и убиените и разговараше за напорите да се осигура дека другите ривали на Израел не ја искористат ситуацијата, се нагласува во соопштенеито од Белата куќа.

Се очекува двајцата лидери да останат во контакт во наредните денови, јавија маериканските медиуми.