Претседателот на САД, Џо Бајден денеска го потпиша Законот за безбедност на оружјето.
-Ова е монументален ден. Со Божја помош, ова ќе спаси многу животи, истакна Бајден по потпишувањето на Законот, што претходно беше поддржан од демократите и републиканците.
Со потпишувањето на Законот за безбедност на оружјето почнува првата реформа на трговијата со оружје на федерално ниво во изминатите 30 години.
Пред неколку дена американскиот Врховен суд ги прошири правата за поседување и носење на оружје.