Претседателот на САД, Џо Бајден го предупреди својот руски колега Владимир Путин да не користи хемиско или тактичко нуклеарно оружје во Украина.
Бајден во интервју за Си-би-ес њуз (CBS News), одговарајќи што би му порачал на Путин ако размислува за употреба на такво оружје, истакна:
– Немој. Немој. Немој. Ќе го промениш лицето на војната како ништо слично од Втората светска војна, би му рекол Бајден на Путин.
Американскиот претседател одби да прецизира што САД би презеле доколку Путин употреби хемиско или нуклеарно оружје во Украина. (МИА)