Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска полни 80 години и ќе стане првиот претседател во историјата на САД кој владее во деветтата деценија од животот.
Во Белата куќа вчера се одржа венчавката на внуката на претседателот, а веќе денеска, во чест на роденденот на Бајден, неговата сопруга Џил организира прослава.
Американската 250-годишна демократија и американската култура ја слават младоста, но милиони Американци, вклучително и претседатели, активно работат и по 65-годишна возраст, многу над возраста за пензионирање.
Бајден е најстарата личност на функцијата претседател на САД.
Роналд Реган имаше 77 години кога ја напушти Белата куќа, а Бајден, во случај да добие втор мандат, ќе има 86 години кога ќе ја напушти претседателската функција. (МИА)