Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во понеделник ќе ја прими првата доза од вакцината на „Фајзер“/ „БиоНТек“ во сојузната држава Делавер, изјави денеска неговата портпаролка Џен Псаки, јави ДПА.
Бајден заедно со неговата сопруга Џил јавно ќе ја примат првата доза од вакцината „за да испратат јасна порака до јавноста дека таа е безбедна“, рече портпаролката Џен Псаки.
– Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф вакцината ќе ја примат по Божиќ поради безбедносните и медицинските протоколи, додаде Псаки. (МИА)