четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бали останува затворен за странски туристи до крајот на годината

Бали останува затворен за странски туристи до крајот на годината

Индонезискиот остров Бали објави дека нема повторно да се отвори за странските туристи оваа година поради грижите околу коронавирусот. Властите на една од најпопуларните туристички дестинации на светот претходно кажаа дека на странците ќе им биде дозволен влез од следниот месец, но плановите сега се откажани поради порастот на бројот на нови случаи на коронавирус во земјата.

Ова ќе биде тежок удар за локалната економија, во која туризмот придонесува со 80%, имајќи предвид дека милиони странци доаѓаат на Бали секоја година. Владата во април процени дека индонезискиот туризам оваа година ќе изгуби 10 милијарди долари поради кризата со коронавирусот, што со последната одлука ќе се влоши уште повеќе.

„Ситуацијата во Индонезија не е погодна за да им дозволиме влез на странските туристи, вклучувајќи го и Бали“, изјави гувернерот на островот Вајан Костер.