Бил Гејтс (65) ја прими втората доза вакцина против Ковид-19 пред една недела, открил тој во едно интервју каде додал дека се уште ги почитува епидемиолошките мерки и носи заштитна маска.
-Сакам да бидам добар пример за другите, истакнал Гејтс кој додал дека вакцинираните луѓе се уште може да бидат преносители на вирусот.
-Многумина се прашуваат кога ќе може да се вратиме во нормала или барем да се намалат мерките како социјална дистанца и носење маска. За неколку месеци строгите мерки би можеле да попуштат, а луѓето да се вратат во нормален живот. До тоа може да дојде кон крајот на пролетта или почетокот на летото, истакнал Гејтс кој планира да ја носи маската и езента, односно се додека бројот на заболени значително не се намали.